Гроси: Иран нема намера да развива нуклеарно оружје

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаело Гроси, изјави дека Иран нема намера да развива нуклеарно оружје.

Тој во изјава за Си-Ен-Ен рече дека извештајот на МААЕ покажува дека нема докази дека Иран систематски се обидува да се движи кон нуклеарно оружје.

„Она што го објавивме е дека немаме доказ за систематски обид да се помине на нуклеарно оружје. Се наоѓаме во момент на посебна тензија. Тие имаат многу нуклеарен материјал. Тие немаат нуклеарно оружје во моментов. И ние мора да преговараме“, рече Гроси.

Извор:  МИА
Објавена на 18.06.2025 11:57:44