Египетскиот репрезентативец Калес Вахид нов ракометар на Еурофарм Пелистер

Актуелниот македонски ракометен првак Еурофарм Пелистер ги засили своите редови за следната сезона со египетскиот репрезентативец Ибрахим Калес Валид.



Дваесетишестгодишниот кружен напаѓач се наметна во дресот на репрезентацијата на Египет, а во Македонија доаѓа од редовите на првакот на Турција, Бешикташ.

Корпулентниот Калес Валид е висок 195 сантиметри и сезонава беше еден од најдобрите ракометари на турскиот тим во ЕХФ Европскиот Куп.

Официјалното претставување на Калес Валид се очекува на почетокот од подготовките за сезоната 2025/26 следниот месец во Битола, соопшти Еурофарм Пелистер.

Извор:  МИА
Објавена на 16.06.2025 16:28:28