Највредниот играч во текот на регуларната сезона - Шаи Гилџус-Александар, верува дека неговиот тим Оклахома Сити Тандер мора да се справи со заморот пред четвртиот натпревар против Индијана Пејсерс во финалето на НБА, каде што „пешаците“ водат со 2:1.

-Остануваат најмногу четири натпревари оваа сезона. Работевме цела година од минатото лето за ова. Мислам дека мора да си ја завршиме работата и да победиме во следниот натпревар, категорично рече Канаѓанецот на прес-конференцијата по поразот во третиот натпревар.
За него, заморот е донекаде објаснување за лошата четврта четвртина против Индијана во средата. Гилџус-Александар постигна 72 поени во првите два натпревари, но беше задржан на 24 во третиот.
-Се обидуваме да му го отежниме животот, рече Ендру Нембхард од Индијана, еден од дефанзивците задолжени да го чуваат.