Поради пожарот во Вардариште без струја 47 000 корисници во Скопје

Без снабдување со струја се 47.000 корисници во Скопје, откако по пожарот што се случи денеска напладне во депонијата Вардариште превентивно се исклучени од напон трафостаниците „Скопје 4 - Аеродром” и „Скопје 4 - Исток”.



- Поради голем пожар во депонијата Вардариште, а по барање на Противпожарната бригада, екипите на Електродистрибуција веднаш интервенираа на терен и ги исклучија од напон трафостаниците „Скопје 4 - Аеродром” и „Скопје 4 - Исток”. Во моментов 47.000 корисници се без снабдување со електрична енергија. Напонот ќе биде повторно воспоставен по известување од Противпожарната бригада дека теренот е безбеден и пожарот е изгаснат, изјавија за МИА од Електродистрибуција.

Во гаснењето на пожарот, со кој е зафатена сува трева и отпаден материјал, учествуваат 20 пожарникари со седум противпожарни возила.

Извор:  МИА
Објавена на 12.06.2025 15:12:56