Захарова: Протестите во Лос Анџелес покажуваат дека САД се во длабока криза

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова денеска изјави дека протестите во Лос Анџелес поради имиграциската политика укажуваат дека САД се во длабока внатрешна криза.



- Го цитирам актуелниот американскиот претседател: САД се наоѓаат во најдлабока криза, наведе Захарова.

Таа за радио „Спутник“ наведе дека протестите и масовните немири се исклучиво внатрешен проблем на САД, а не резултат на надворешно мешање.

Извор:  МИА
Објавена на 11.06.2025 14:26:20