Навивач почина за време на финалето на Лигата на нации

Еден навивач се здобил со смртоносни повреди по пад од второто ниво на „Алијанц Арена“ во Минхен синоќа за време на финалето на Лигата на нации меѓу Португалија и Шпанија, објави „ESPN“.



Натпреварот не беше прекинат поради инцидентот.

- Сакам да изразам сочувство до семејството на загинатиот навивач. Ова не натера да сфатиме што е важно во животот, рече селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте на прес-конференцијата по натпреварот.

Дефанзивецот на Португалија, Нуно Мендеш, исто така го коментираше инцидентот.

- Изразувам сочувство до семејството на загинатиот навивач. Ова ја засенува нашата победа денес.

Португалија ја победи Шпанија во финалето на Лигата на нации на пенали со 5:3 (2:2 по основните 90 и дополнителните 30 минути).

Извор:  МИА
Објавена на 09.06.2025 10:32:54