Оваа диета може да го намали ризикот од деменција и до 25 проценти

Нова студија покажува дека MIND диетата може да го намали ризикот од деменција, иако бенефитите се разликуваат кај различни расните групи.



Усвојувањето на MIND диетата, дури и во подоцнежните години од животот, е поврзано со намален ризик од развој на деменција.

Новите истражувања во САД сугерираат дека одговорот за справувањето со деменцијата можеби е многу блиску — во вашиот следен оброк.

Последната студија откри дека луѓето кои следеле специфичен начин на исхрана наречен MIND диета имале значително помалку шанси да развијат Алцхајмерова болест и други видови деменција.

MIND диетата (кратенка од Mediterranean-DASH Intervention for Neurodegenerative Delay) ги комбинира најдобрите елементи од две моќни диети — медитеранската диета и DASH диетата.

Дополнително, MIND диетата става посебен акцент на намирници кои го поддржуваат здравјето на мозокот, како што се:

• зелен лиснат зеленчук

• бобичесто овошје

• јаткасти плодови

• маслиново масло

Студијата открила дека MIND диетата овозможува посилен и поконзистентен ефект во намалување на ризикот од деменција во споредба со други здрави диети.

Иако резултатите варирале кај различни расни групи, еден факт се издвојува: луѓето кои најмногу ја подобриле својата исхрана со текот на времето, имале најголемо намалување на ризикот од деменција.

Овие бенефити се појавиле кај и кај помлади и кај постари возрасни групи, што укажува дека никогаш не е преран или предоцна да се направат промени во исхраната што ќе го поддржат здравјето на мозокот.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 09.06.2025 10:18:48