Нов датум за преговори меѓу Русија и Украина кога двете страни ќе бидат подготвени

Следниот датум за преговори меѓу Русија и Украина ќе се утврди кога двете страни ќе бидат подготвени, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.



- Очигледно е дека ќе биде потребно време за да се разгледаат разменетите нацрт-меморандуми. Кога страните ќе бидат подготвени, ќе се договорат за датумот на следната рунда преговор, посочи Песков.

Тој додаде дека Украина го нападнала Кримскиот мост и дека имало експлозија, но дека не се предизвикани штети.

Украинската Служба за безбедност вчера соопшти дека поставила експлозиви под нивото на водата и погодила дел од мостот кој ја поврзува Русија со анектираниот Крим.

„Имаше експлозија, но нема штети. Мостот е отворен. Киевскиот режим продолжува со обиди да напаѓа цивилна инфраструктура“, изјави Песков.

Извор:  МИА
Објавена на 04.06.2025 14:38:59