Гави: За мене Енрике е најдобар тренер

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Гави се радува на тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, кој со својот тим ја освои Лигата на шампионите.



- За мене тој е најдобар, број еден. Многу сум среќен за него, затоа што го заслужува тоа. И тој и неговото семејство и помошникот Рафаел Пол, изјави Гави за „Sport.es“.

Во финалето на Лигата на шампионите, кое се одигра на 31 мај во Минхен, ПСЖ го совлада Интер со 5:0 и го освои турнирот за прв пат во историјата.

Педесет и петгодишниот Енрике е на чело на ПСЖ од 2023 година. Претходно беше тренер и на Барселона, Селта, Рома и на шпанската репрезентација.

Извор:  МИА
Објавена на 04.06.2025 12:40:21