Клиника Жан Митрев и Кошаркарската федерација на Република Македонија потпишаа договор за официјална медицинска соработка за сезоната 2025/26, со што Клиниката станува официјален медицински партнер на македонските кошаркарски репрезентации.

- Нашата мисија отсекогаш била да вложуваме во здравјето и квалитетот на животот. Поддршката на спортот, особено на кошарката која обединува и инспирира генерации, е природно продолжение на таа мисија. Оваа поддршка е одраз на нашата верба во младите, во нивниот потенцијал и во потребата од силни, здрави и мотивирани идни лидери. Уверени сме дека преку ова партнерство ќе придонесеме за унапредување на спортските достигнувања и, уште поважно, за негова поширока афирмација меѓу младите, а нашата експертиза станува дел од успехот на националните репрезентации. Здравјето на спортистите мора да биде приоритет, а ние сме тука да го гарантираме тоа, изјави д-р Жан Митрев, основач на „Клиника Жан Митрев“.
Оваа соработка обезбедува системска, квалитетна и навремена медицинска грижа за сите категории на кошаркари кои настапуваат под државното знаме.
- Професионалната спортска медицина е клучен фактор за врвни резултати. Благодарение на ова партнерство со Клиника Жан Митрев, нашите репрезентативци добиваат врвна здравствена поддршка, дијагностика, консултации и континуирана грижа. Веруваме дека ова е модел на соработка кој ќе ја подигне грижата за спортистите на ново, европско ниво, изјави Томе Главчев, претседател на федерацијата.
Предмет на оваа стратешка соработка е обезбедување на професионална здравствена грижа, редовни дијагностички и специјалистички спортски прегледи спортска медицина за сите селекции под капата на КФСМ, сениорската машка и женска репрезентација, како и за младинските репрезентации (М16-М20) машки и женски на возраст од 12 до 20 години кои ќе настапуваат на европските првенства во рамки на сезоната.