Ди Марија се враќа во аргентински Росарио

Прославениот аргентински фудбалер Анхел Ди Марија, ќе се врати во Росарио Централ, клубот во кој ја почна својата трофејна кариера, објави денеска аргентинскиот клуб.



Триесетиседумгодишниот Ди Марија настапуваше за Росарио од 2005 до 2007 година, по што се пресели во Европа и со Бенфика, Реал Мадрид, Манчестер Сити, ПСЖ и Јувентус освои вкупно 30 трофеи.

Ди Марија ќе игра за Бенфика на претстојното Светско клупско првенство, по што ќе се врати во Росарио.

На репрезентативен план Ди Марија одигра 145 натпревари за аргентинскиот национален тим со кој триумфираше на двете последни изданија на Копа Америка, а ја освои и светската титула на Мундијалот во 2022 година.

На почетокот на својата кариера, Ди Марија освои златен медал со Аргентина на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година.

Извор:  МИА
Објавена на 30.05.2025 10:21:35