Ганиу исфрли ѓубре пред објектот на Град Скопје, Арсовска побара да го плати долгот кон ЈП „Комунална хигиена“

Градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу вчера вечер пред објектот на Град Скопје со група граѓани исфрли ѓубре и шут што претходно го собрале од Старата скопска чаршија.


Posted by Danela Arsovska on Wednesday, May 28, 2025

Дел од медиумите објавија дека целта на оваа акција, како што изјавил Ганиу, е да испрати порака за негрижата и несоработката од страна на градските власти кон Чаир.

Тој обвинил дека општината со месеци се соочува со проблеми околу одвезувањето на отпадот и одржувањето на јавната чистота, а дека барањата упатени до Град Скопје останале игнорирани.

Доцна вечерта градоналачалничката на град Скопје Данела Арсовска, пак, ја осуди ваквата, како што стои во соопштението, герила акција на Ганиу, која ја оцени како притисок и обид да се пресмета со неа, по објавувањето изминативе денови, на негови наводни криминални зделки со дивоградбите. Таа меѓу другото наведува и дека општината Чаир на ЈП „Комунална хигиена“ му должи седум милиони денари.

-Ти фативме низ општина Чаир со камиони како градежниот и кабаст отпад ги фрлаш во и околу наши контејнери, за да не напаѓаш, за што МВР и инспекциските служби ти го конфискуваа камионот. 7 милиони му должиш на Комунална хигиена! Ќе те чекам и во град Скопје со сите докази за дивоградбите, стои во соопштението.

 

Извор:  МИА
Објавена на 29.05.2025 11:25:34