Индијана го победи Њујорк, Халибартон забележа трипл-дабл

Индијана пејсерс ноќеска го победи Њујорк никс во четвртиот натпревар од полуфиналето на НБА плејофот со 130:121.



Сега резултатот во серијата прв до четири победи е 3:1 во корист на Пејсерси.

Тајрис Халибартон забележа трипл-дабл - 32 поени, 13 скока и 15 асистенции и е најзаслужен за победата на Индијана.

Петтиот натпревар во серијата ќе се одржи на 30 мај и ќе започне во 2 часот по македонско време.

Извор:  МИА
Објавена на 28.05.2025 10:55:12