Гасперини го информирал раководството на Аталанта за неговото заминување

Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини, планира да го напушти клубот ова лето, објави новинарот Матео Морето на социјалните мрежи.



Актуелниот договор на фудбалскиот стручњак е со важност до 2026 година.

Според Морето, одлуката која ја донел тренерот веќе е соопштена до раководството на клубот.

Италијанскиот стручњак е на чело на Аталанта од 2016 година. Оваа сезона тимот постигна 74 поени и заврши на 3. место во Серија А.

Извор:  МИА
Објавена на 28.05.2025 10:52:21