Наполи ќе преговара со Манчестер јунајтед за трансферот на Гарначо

Крилниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Алехандро Гарначо може да ја продолжи кариерата во Италија.



Како што објави „I News“, спортскиот директор на Наполи Џовани Мана има намера да се сретне со раководството на англискиот клуб во врска со можниот трансфер на 20-годишниот Аргентинец.

Претходно беше објавено дека фудбалерот сака да го напушти Манчестер јунајтед поради незадоволство од неговата улога во тимот.

Гарначо оваа сезона одигра 58 натпревари, постигна 11 голови и 10 асистенции. „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на Гарначо на 45 милиони евра.

Извор:  МИА
Објавена на 26.05.2025 12:08:25