Арсенал со амбиции да го ангажира Родриго ова лето

Фудбалерот на Реал Мадрид, Родриго може да ја продолжи кариерата во Англија.



Како што објави „Sky Germany“, Арсенал е заинтересиран за 24-годишниот Бразилец. Самиот играч сака да го напушти мадридскиот клуб во летниот преоден рок.

Родриго дојде во Реал Мадрид од Сантос во летото 2019. Сезонава одигра 50 натпревари во сите натпреварувања, постигна 13 гола и направи 10 асистенции

Извор:  МИА
Објавена на 22.05.2025 15:07:45