Алкалоид ги пушти во продажба билетите за натпреварот со АЕК

Управата на Алкалоид денес ги пушти во продажба билетите за реваншот со АЕК од финалето на Европскиот куп во ракомет.



- Билетите за финалето на ЕХФ Европскиот Куп меѓу екипите на РК Алкалоид и АЕК што ќе се игра на 25 мај во салата „Борис Трајковски“ во Скопје од 20:30ч. се пуштени во продажба!

Продажбата на билетите се реализира преку продажната мрежа на „МКТикетс“, а цената на билетите е 200 и 300 денари.

Актуелниот освојувач на Купот на Македонија вчера, на првиот дуел од финалната пресметка победи во Атина со 29:25.

Извор:  МИА
Објавена на 19.05.2025 14:33:45