Голден Стејт ги доби сите пет серии против Хјустон во историјата на НБА плејофот

Голден Стејт вориорс го совлада Хјустон во седмиот натпревар од првото коло на НБА плејофот со резултат 103:89.



Тимот од Сан Франциско ја доби серијата со 4:3 и не му дозволи на ривалот да направи пресврт по негативата од 1:3.

Вориорс ги освоија сите пет серии против Рокетс во историјата на плејофот во НБА - 2015, 2016, 2018, 2019 и 2025 година.

Тимот предводен од тренерот Стив Кер ќе игра против Минесота во второто коло од НБА плејофот.

Извор:  МИА
Објавена на 05.05.2025 15:10:14