Фабрегас би можел да ја преземе Рома

Тренерот на Комо, Цеск Фабрегас, би можел да ја преземе функцијата менаџер на Рома, пишува „Sky Sport“.

Управата на „Римската волчица“ го вклучила 37-годишниот Шпанец во потесниот круг на можни замени за Клаудио Раниери, кој ќе работи со тимот до крајот на сезоната.

За место во Рома се борат и поранешниот тренер на Милан, Стефано Пиоли, Франческо Фариоли (Ајакс) и Патрик Виеира (Џенова).

Фабрегас е на чело на Комо од летото 2024. Под негово водство дебитантот во Серија А се наоѓа на 11. место во поредокот со 42 бода по 34 кола.

Рома со 60 освоени бода во моментов е на шестата позиција во Италијанското фудбалско првенство.

Извор:  МИА
Објавена на 29.04.2025 12:28:28