Енрике: Да се собори рекордот на Милан е неверојатно

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, го оцени рекордот на тимот за најдолга серија без пораз на гостински терен во историјата на најдобрите 5 европски лиги.



Парижаните вчеравечер ремизираа со Нант (1:1) во одложеното 29. коло од францускиот шампионат.

ПСЖ има 39 натпревари по ред без пораз на гости (30 победи, 9 нерешени), надминувајќи го рекордот на Милан поставен во 1993 година.

- Да се ​​собори рекордот на Милан е посебно чувство, тоа е неверојатно. Оваа серија започна со Кристоф Галтие, па респект и за неговата работа. Сè е одлично, освен денешниот резултат, сакавме да победиме, изјави Гвардиола за „L’Equipe“.

ПСЖ оваа сезона предвреме стана шампион на Франција. На четири кола до крајот на турнирот, тимот е на првото место во Лига 1 со 78 бодови.

Извор:  МИА
Објавена на 23.04.2025 14:32:27