Јокиќ го забележа својот 19-ти трипл-дабл во НБА плејофот

Српскиот кошаркар на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, забележа трипл-дабл во вториот натпревар од првото коло од НБА плејофот против Клиперс (102:105).



Србинот на натпреварот одигран во утринските часови имаше 26 поени, 12 скока и 10 асистенции.

Јокиќ го забележа својот 19-ти трипл-дабл во НБА плеј-офот, трет најдобар резултат во историјата.

Резултатот во серијата Денвер – ЛА клиперс е 1:1 во трката прв до четири победи.

Повеќе од Јокиќ во оваа статистичка категорија имаат само Леброн Џејмс (Лејкерс, 28) и Меџик Џонсон (30).

Извор:  МИА
Објавена на 22.04.2025 12:47:44