Волф за трката во Саудиска Арабија: Тоа беше најлошата изведба на Мерцедес

Извршниот директор на Формула 1 тимот Мерцедес, ја оцени трката во Џеда како најлоша за Мерцедес во тековната сезона.

Волф и сите во тимот се разочарани од перформанси и резултатите на саудиското Гран при.

- Тоа беше најлошата изведба на Мерцедес во сезоната досега. Нашето темпо едноставно исчезна поради гранулација и прегревање на гумите, а досега не најдовме објаснување за тоа што се случи. Ги приспособувате вашите очекувања кога сте вториот најбрз тим на теренот, а потоа се случува тоа што не сакаме да го постигнеме. Се разбира, ова само ја зголемува вашата фрустрација од ситуацијата, изјави Волф.

Пилотите на Мерцедес, Џорџ Расел и Кими Антонели трката во Саудиската Арабија во неделата ја завршија на 5. и 6. место.

Извор:  МИА
Објавена на 22.04.2025 12:03:05