Досега префрлени 84 милиони евра од унгарскиот кредит

Вкупно 84 милиони евра од унгарскиот кредит се префрлени кон Македонската развојна банка, а интересот кај компаниите е многу поголем од очекуваниот, вели министерката за финансии Гордана Димитриоска Кочовска.

Како што изјави денеска, средства се бараат од сите сектори.

- Интересот кај компаниите е голем, очекуваме да бидат исцрпени предвидените 250 милиони евра, истакна Димитриоска Кочовска, одговорајќи на новинарски прашања по одбележувањето на Денот на Царината.

Извор:  МИА
Објавена на 14.04.2025 12:38:40