Македонец приведен поради дрога во Србија мора да плати 100.000 динари во хуманитарни цели наместо кривично гонење

Државјанин на Северна Македонија (22) е уапсен за неовластено поседување наркотици, кои полицијата ги заплени при претрес на граничниот премин Прешево, јави МИА.



На граничниот премин Прешево, меѓу Северна Македонија и Србија, при редовна контрола на патник, српската полиција открила 3,17 грама марихуана.

По приведување и распит во Основното јавно обвинителство во Врање, наместо кривично дело „неовластено поседување наркотици“, младиот човек мора да плати 100.000 динари за хуманитарни цели, во замена за кривична пријава, судење и казна.

Извор:  МИА
Објавена на 10.04.2025 12:20:03