Јокиќ постави рекорд во НБА

Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ постави рекорд во НБА за постигнати поени во трипл-дабл.



Триесетгодишниот српски кошаркар постигна 61 поен рано утрово на натпреварот против Минесота. Тој имаше и 10 скока и 10 асистенции. Ниту еден играч досега не забележал трипл-дабл со толку постигнати поени.

Воедно, Јокиќ постави и нов личен рекорд во постигнати поени на натпревар во НБА-лигата

Сепак Денвер го загуби натпреварот со 140:139 по продолжение.

Тимот од Колорадо е трет во Западната конференција на НБА. Минесота е на седмото место.

Извор:  МИА
Објавена на 02.04.2025 09:07:00