Ернандез може да го напушти Милан ова лето

Фудбалерот на Милан, Тео Ернандез, би можел да го напушти тимот во летниот преоден рок, тврди новинарот Николо Шира.

„Росо-нерите“ имаат намера да го продадат играчот доколку тој не потпише нов договор.

Актуелниот договор на 27-годишниот Ернандез е до летото 2026 година, но страните се уште не постигнале договор за негово продолжување.

Ернандез оваа сезона одигра 35 натпревари во сите натпреварувања, постигна четири гола и имаше пет асистенции.

Според „Transfermarkt“, пазарната вредност на играчот е 50 милиони евра

Извор:  МИА
Објавена на 01.04.2025 10:41:22