Таравари: Очекуваме осум пациенти неделава да се вратат од странство

Четири од пациентите од пожарот во Кочани кои се лекуваат во странство се во критична состојба, а очекуваме осум да се вратат неделава во државава, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари.



Како што соопшти, денеска се очекува да бидат испишани 16 пациенти од домашните болници, каде се лекуваат вкупно 46. На Клинички центар се лекуваат 26 пациенти и по 10 во ГОБ 8 Септември и во Свети Наум Охридски, во приватните болници осум пациенти. На лекување во странство се 115 пациенти.

- Фаза на инфекции сме, можни се компликации. Колегите даваат максимум. Се надевам барем половина од пациентите ќе се вратат за две недели, изјави Таравари.

Прес на Арбен Таравари министер за здравство

Прес на Арбен Таравари министер за здравство

Posted by MИА.mk on Monday, March 24, 2025

Извор:  МИА
Објавена на 24.03.2025 10:44:45