Модриќ сака да остане уште една сезона во Реал

Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ планира да го продолжи договорот со клубот, пренесува инсајдерот Фабрицио Романо.



Хрватот сака да остане во Реал уште една сезона и да потпише договор до летото 2026 година. Модриќ на 9 септември ќе наполни 40 години.

Играчот од средниот ред игра за Реал од 2012 година. Сезонава на 44 натпревари во сите натпреварувања, постигна четири гола и седум асистенции.

Модриќ пред да дојде во Реал играше за Тотенхем, Интер Запрешиќ, Зрињски и Динамо Загреб.

Извор:  МИА
Објавена на 19.03.2025 11:06:15