Норис: Една победа не значи ништо

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, е среќен за победата на австралиското Гран при, но не придава големо значење на триумфот во Мелбурн.



-Ова е кул. Но, тоа не значи ништо. Не го освоив шампионатот па сега да се создава еуфорија, изјави Норис за британските медиуми.

Дваесет и петгодишниот Британец победи пред возачот на Ред Бул и актуелен светски првак Макс Верстапен.

Втората етапа од Формула 1 2025 година ќе се одржи од 21 до 23 март на патеката во Шангај, Кина.

Извор:  МИА
Објавена на 18.03.2025 13:35:09