Енрике: Имаме само една опција, да излеземе на теренот и да победиме

Тренерот на Пари Сен-Жермен, Луис Енрике ги сподели своите очекувања за реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите со Ливерпул.



Првиот натпревар заврши со победа на англискиот клуб од 1:0.

- Мојот пристап не се менува, но вистина е дека како што стојат работите сега, ние сме во негатива. Имаме само една опција - да излеземе на терен и да победиме. Сакаме да покажеме дека сме способни да одиграме добар натпревар на стадионот на Ливерпул. Нашата цел е јасна - да се обидеме да бидеме подобри од нашиот противник. Тешко е да се игра на гости, но ќе се обидуваме да ја контролираме ситуацијата. Целта ни е да го имаме поседот на топката, тоа е нашата основа, а потоа ќе видиме како ќе се развива натпреварот, изјави Енрике за веб-страницата на УЕФА.

Натпреварот ќе се одигра вечер (почеток 21 часот) на стадионот „Енфилд“.

Извор:  МИА
Објавена на 11.03.2025 12:20:49