Њукасл подготвен да го пушти Исак за 100 милиони евра

Њукасл е подготвен да го пушти напаѓачот Александар Исак претстојното лето да замине за 100 милиони евра доколку тимот не успее да се квалификува во Лигата на шампионите.



Според „Diario Sport“, Барселона, Ливерпул, Арсенал и Челзи се заинтересирани за услугите на 25-годишниот фудбалер.

Во тековната сезона Исак одигра 29 натпревари во сите натпреварувања, постигна 19 голови и 5 асистенции. Според „Transfermarkt“, пазарната вредност на играчот е 75 милиони евра.

Извор:  МИА
Објавена на 17.02.2025 15:08:13