ФИА сака да види тим од Кина во Формула 1

Претседателот на Светската автомобилистичка федерација (ФИА-, Мохамед бин Сулејем изјави дека би сакал да види тим од Кина во Формула 1.



- Последниве две години сонував за големите земји кои ќе влезат во Формула 1. Сега ќе имаме тим од САД, кој ќе се натпреварува со поддршка на „Џенерал Моторс“. Следниот чекор е да се привлече кинески производител на автомобили.

Отсекогаш сум велел дека ни требаат помалку трки и повеќе тимови. Многумина беа против оваа одлука, но се покажа дека е добра за нашиот спорт“, изјави Бин Сулејем во интервју за „Фигаро“.

Од 2026 година, во светскиот шампионат во Формула 1 ќе се приклучи Кадилак како 11-ти тим.

Извор:  МИА
Објавена на 17.02.2025 09:20:43