Во Австралија издадено предупредување за циклон

Кон Австралија се приближува циклон кој прераснува во бура од петта категорија, која се смета за најопасна, поради што се затворени пристаништата, училиштата и патиштата во западниот дел на земјата.



Циклонот наречен „Зелија“ веќе предизвика обилни врнежи и силен ветер, а моментално е на 145 километри северно од Порт Хедланд, со удари на ветрови од 285 километри на час, пренесува австралискиот портал Си-Би-Ес.

Ангус Хајнс од Бирото за метеорологија вели дека тоа е најмоќниот тропски циклон и се прогнозира дека ќе биде категоризиран како бура од петта категорија додека го преминува брегот.

Извор:  МИА
Објавена на 13.02.2025 11:09:16