Мареј стана првиот Канаѓанец со 55 поени во НБА

Денвер го победи Портланд со 132:121 ноќеска на домашен терен во основниот дел од НБА-лигата.



Кошаркарот на Нагетс, Џамал ​​Мареј постигна 55 поени. Дваесет и седумгодишниот кошаркар го оствари најдобриот резултат по постигнати поени помеѓу канадските играчи во историјата на НБА.

Мареј стана и првиот играч во историјата на Деневр со 55+ поени, 5+ асистенции и 5+ тројки на еден натпревар.

Во тековната сезона Мареј одигра 48 натпревари во НБА лигата, со просек од 21 поен и 3,9 скока по натпревар.

Извор:  МИА
Објавена на 13.02.2025 10:43:03