Компани: Победивме противник кој ретко губи на домашен терен

Тренерот на Баерн, Винсент Компани е задоволен од победата над Селтик (2:1) синоќа во првиот натпревар од плејоф рундата во Лигата на шампионите.



- Ова е прво полувреме од двомечот. Генерално, резултатот е навистина одличен. Локалните навивачи ретко гледаат дека нивниот тим губи дома, особено во европските натпревари, па затоа високо ја цениме важноста на оваа победа и прикажаниот настап.

Во последните 10 минути моравме да ја држиме одбраната на ниво, и добро го завршивме тоа, изјави Компани.

Реваншот ќе се игра во Германија на 18 февруари.

Извор:  МИА
Објавена на 13.02.2025 10:39:20