Дурант осми играч во историјата на НБА кој достигнал 30.000 поени

Кошаркарот на Феникс санс, Кевин Дурант надмина 30.000 поени во најсилната кошаркарска лига на светот.



Триесет и шестгодишниот Американец утринава постигна 34 поени во поразот 112:119 против Мемфис.

Дурант сега има точно 30 илјади поени. Рекордер во лигата по ефикасност е кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс (41.623 поени). Шест други играчи исто така го имаат повеќе од 30.000 поени: Карим Абдул-Џабар, Карл Мелоун, Коби Брајант, Мајкл Џордан, Дирк Новицки и Вилт Чембрлен.

За Феникс санс Дурант игра од февруари 2023 година. Пред тоа беше член на Бруклин, Голден Стејт и Оклахома.

Извор:  МИА
Објавена на 12.02.2025 09:12:37