Футурама

„Google“ веќе не забранува користење ВИ за развој на оружје

Американската компанија „Google“ веќе не ја исклучува можноста за користење вештачка интелигенција (ВИ) за развој на оружје и системи за надзор, објави нејзината матична компанија „Алфабет“.



Потпретседателот на „Google“, Џејмс Мањика и извршниот директор на „DeepMind”, Демис Хасабис ја објаснуваат одлуката, со тоа дека е важно приватните компании да соработуваат со демократските влади за да се осигураат дека ВИ-технологијата помага во одржувањето на националната безбедност, јави „Би-би-си“.

„Google“ тврди дека нивните претходни правила од 2018 година се застарени, бидејќи „ВИ оттогаш се развила и станала составен дел од секојдневниот живот“, како мобилните телефони и интернетот.

Извор:  МИА
Објавена на 05.02.2025 12:14:45