Зарина Првасевда гостинка на скопскиот концерт на Barcelona Gipsy Balkan Orchestra!

Еден месец нѐ дели од најавеното музичко патување со музиката на уникатните Barcelona Gipsy Balkan Orchestra - еден од најиновативните бендови од поновата генерација, оркестарот чија музика допира директно до срцата.



За БГКО не постојат граници, апсолутно никакви, а нивната музика инспирирана од различни музички традиции од Балканот, но и светот е емотивно патување кое ветува уникатно и автентично искуство, какво што нѐ очекува уште еднаш (по она во 2022 година) – на 28 февруари 2025 година во Филхармонија.

Нивното творештво и интерпретација на уникатен звук ги заробува срцата и умовите на публиката ширум светот, а несекојдневноста на стилот што ѝ го нудат на публиката овојпат ќе биде зачинето и со интерпретациите на специјалната гостина Зарина Првасевда, македонски уметник, музичар и вокал со седиште во Скопје. Балансирајќи го своето богато наследство со автентичното самоизразување, македонската уметница Зарина Првасевда има вокална техника која е вкоренета во источноевропските и ориенталните традиции, пренесувајќи ја срдечноста и свежината на македонскиот фолклор.

БГКО е меѓународна формација во чиј репертоар свое место имаат и неповторливите „Море сокол пие“, „Македонско девојче“, „Kaleja Jaca“, ведрата и танцувачка румба на Есма Реџепова-Теодосиевска…

И тоа не сѐ, секогаш иновативни, секогаш уникатни и подготвени на публиката да ѝ понудат повеќе во пресрет на скопскиот концерт 28 февруари – денот резервиран за уникатно музичко патување со неверојатната музичка формација која освојува на прва – подготвуваат уште изненадувања. Влезниците за овој концерт веќе се пуштени во продажба по цена од 1000, 1200 и 1500 денари, и тоа прекупродажната мрежа на mktickets.mk

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 27.01.2025 10:20:32