Во Хрватска утре е ден на жалост

Хрватската Влада донесе одлука сабота да биде Ден на жалост поради трагедијата во Основното училиште Пречко во Загреб, при што е убиено седумгодишно дете.

Во Основното училиште Пречко во Загреб денеска 19-годишно момче со нож нападна учителка и неколку ученици. Од здобиените повреди почина едно дете, а другите повредени се хоспитализирани.

Напаѓачот е уапсен, а истрагата за инцидентот е во тек.

Извор:  МИА
Објавена на 20.12.2024 17:18:49