Вучиќ: Ја подигнав Србија, не ми паѓа на памет да бегам

Не ми паѓа напамет да бегам од државата, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ бидејќи како што тврди - ја „подигнал“ државата, пренесе Бета.



Запрашан за оценката на претставниците на опозицијата дека едно решение за смирување на протестите и блокадите во Србија е да ја напушти земјата како сирискиот претседател Башар ал Асад, Вучиќ рече дека не се плаши од „најлошите крадци и криминалци како Јешиќ, Ѓилас, Алексиќ, Миливојевиќ“.

„Има моменти во историјата кога поради разни настани, најлошиот талог, тињата, излегуваат на површина. Доаѓа момент когга мислат дека треба да бидат на површина. Јас да бегам што ја подигнав Србија од оние кои ја уништија оваа држава? Никогаш нема да го сторам тоа, изјави Вучиќ за новинарите во Брисел, каде што ќе присуствува на Самитот на Европската народна партија за Западен Балкан.

Тој оцени дека Србија денес е „најсилна и најразвиена“ во својата историја.

Тој ја обвини опозицијата за злоупотреба на деца за политички цели.

Извор:  МИА
Објавена на 19.12.2024 10:50:55