Замисли нов свет“ е претстава која треба да се види и доживее! Премиерната изведба одлична, со фантастични ликови, и длабоки и суштински дијалози кои сите не засегаат. Еден и пол час театарска претстава исполнета со емоции, себе преиспитување, потсетување на она што сме, но и што можеме да бидеме.
Миграциите, недоразбирањата – особено меѓу генерациите, љубовта и загубата, распадот на вредностите го сочинуваат тематскиот опсег на претставата „ Замисли нов свет“. Работена според сцени од 7 култни текстови на Горан Стефановски, претставата беше поздравена од публиката со голем и долготраен аплауз. Сите актери, Верица Недеска, Дамјан Цветановски, Игор Ангелов, Филип Трајковиќ, Нина Деан, Ана Јовановска, Стефан Спасов и Антонио Ташковски кои срдечно ја отпоздравија, па од јануари 2025 година публиката ќе има можност да ја гледа на редовен репертоар.
Огромно браво за идејата на Saatchi&Saatchi Скопје, и за Телеком кој овозможи реализација на ваков значаен театарски и културен проект, и услови за многу млади уметници да ја покажат својата креативност и да ги пренесат своите пораки на публиката.
Македонската публика копнее за квалитетна домашна култура и уметност, но и знае да ја испочитува кога таа ќе се појави.
Пораката која овде се испрати е дека уметноста, театарските претстави и културата кога би биле почесто дел од нашите секојдневни разговори и размислувањата, тогаш сигурно ќе имаме и посветол, пооптимистички поглед на светот што не опкружува. Приказните кои ги раскажува и обработува театарот не само што нѐ тераат да размислиме за работите и да го отвориме умот, туку и ни дава можност да научиме нешто преку ситуации и ликови кои не се НИЕ, но сепак нѐ претставуваат сите НАС.
„Замисли нов свет“ e револуционаерна претстава што го буди духот на Стефановски и создава светлина во темнината на нашето време
Во режија на Нела Витошевиќ, проектот на Телеком и МНТ претставува театарска магија инспирирана од делата на легендарниот Горан Стефановски. Колаж од неговите најмоќни парчиња од текстовите што оживуваат на сцената низ сите тие уникатни ликови и длабоки, суштински пораки за човештвото, општеството и надежта. Музиката на Огнен Анастасовски го поврзува ова постмодернистичко ремек-дело што е повеќе од претстава – тоа е повик за промена, заедништво и борба со предизвиците на животот.
„Замисли нов свет“ не е само театар – тоа е искуство што секој мора да го доживее!
Целиот склоп на текстот е приказна за заедништво што ни покажува дека сите можеме да учиме едни од други и да си го најдеме своето место во општеството.
“Замисли нов свет” е претстава која создава чувство на поврзаност со сета своја магија на сцената, од музичката изведба, визуелните ефекти, докажа дека културата може да биде препознаена а театарот е моќен медиум што може да влијае и да ги менува на подобро работите.
"Со вакви проекти се вреднува интелектуалниот труд – нешто што е нормално кога се занимавате со уметност во други развиени земји” – изјави драматургот Ана Ристоска–Трпеноска.
За да направи место за нова култура и нова уметност, Телеком го иницираше проектот „Замисли нов свет“ за да нѐ поттикне сите нас да размислуваме на добрите работи и конекции што можат да се случат ако се согласиме да ги надминеме разликите и помислиме на големиот број работи кои нѐ поврзуваат.
Претставата е доказ дека уметноста е и треба да биде движечка сила за општествена трансформација. Тоа значи вистинска инспирација за многумина, и сегашни и идни генерации.