Се самоуби летонскиот кошаркар Јанис Тима

Летонскиот кошаркар Јанис Тима ноќеска се самоуби во Москва. Се дознава дека телото на 32-годишниот Тима било пронајдено во влезот на петкатница во центарот на руската престолнина.



Тима играше за Рига, Венспилс, Химки, Зенит, УНИКС, Басконија, Олимпијакос. Негов последен професионален клуб беше шпанскиот Обрадоиро, за кој играчот настапуваше во втората половина од сезоната 23/24. Во 2022 година, играше во Лигата за развој на НБА.

На 9 декември Тима официјално се разведе од сопругата, познатата пејачка Седокова. Пред ова, кошаркарот се обиде да ја зачува врската. Тие се венчаа во септември 2020 година. Овој брак беше трет за пејачката. Двојката немала заеднички деца.

До телото на Тима бил пронајден телефон со порака до неговата поранешна сопруга.

Извор:  МИА
Објавена на 17.12.2024 12:26:46