Ова лето, македонската публика ќе биде сведок на историски музички момент! Светската поп и Р’н’Б суперѕвезда и еден од најголемите артисти на нашето време, Џејсон Деруло, за првпат ќе настапи кај нас – и тоа на 2 август, под отворено небо на „Билјанини извори“ во Охрид.
Ова не е само концерт – ова е настан кој ќе го запише Охрид во листата на градови кои биле домаќини на една од најголемите музички икони на светот. Еден артист од ваков калибар, со милијарди стримови и прегледи на Youtube, но и армија од обожаватели ширум светот, за првпат ќе ја испише својата магија на македонската сцена.
Познат по своите моќни вокали, беспрекорни сценски настапи и хитови кои доминираат на топ-листите ширум светот, Џејсон Деруло е артист кој ја дефинира модерната поп и Р’н’Б музика. Од песните кои ги пееме во секојдневието како “Swalla”, “Want to Want Me”, и “Savage Love”, до неговите иновативни танцови перформанси кои ги освојуваат милиони обожаватели, Деруло не е само музичар – тој е глобална икона. Неговата енергија, харизма и неспоредлива музичка умешност го прават еден од најдобрите забавувачи на нашето време.
Неговите концерти се искуство кое го надминува звукот – тоа се спектакли полни со енергија, врвна продукција, неверојатни кореографии и интеракција со публиката која остава силен впечаток. Од стадиони во Лондон до фестивали во Лас Вегас, Деруло секогаш знае како да ја запали публиката и да го направи секој настап уникатен.
Организатори на овој спектакуларен концерт се „Прагма продукција“ кои уште еднаш докажаа дека нашата земја има капацитет да биде домаќин на најголемите имиња од светската сцена.
Бидете дел од оваа историска вечер – купете го својот билет и подгответе се за настан што ќе се памети со години! 2 август „Билјанини извори“ - Охрид.
Билетите ќе бидат пуштени во предпродажба од среда, во 10 часот наутро, од само 1500 денари – понуда која ќе важи само 7 дена!