Благоја Грујовски:Жена штом ќе моделира маж по свое, го остава

Најновата епизода на Нешто Конкретно донесе интересни одговори. така Агнеса Органџиева призна дека има нов партнер и дека за прв пат тој е оној кој го посакувала, дошол совршен. Но, на репликата од Благоја Грујовски дали го контролира одговори: Маж мора да се контролира, ако го пуштиш како куче од ланец ќе најде по пат некоја кучка.



Темата во емисијата беа промените и тоа колку сме подготвени да се менуваме заради партнерот или колку сакаме да нè менува партнерот.

Интересен беше и заклучокот на виолинистот Горјан Стојановски кој одговори дека е интерсно како некои мажи си го откриваат вистинското лице кога ќе најдат некои “пластични женски“ иако сте имале сосема друга претстава за нив.

Викторија Јаначковиќ која однеодамна стана мајка кажа дека она што најмногу ја променило е нејзината ќерка, а како заклучок на темата упати повик:Нека заборават мажите дека парите ги прават нив магупи, тоа пали само кај оние жени кои креваат нозе.

Благоја Грујовски пак беше дециден, мажите не смеат да дозволат жената да ги моделира, бидејки трајќи по совршенство, откако ќе го креираат по свое ќе го шутнат.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 25.11.2024 14:26:55