Пајак ги враќа хитмејкерите на сцена: Слушнете го новиот дует со Елвир Мекиќ “Негде После Два”

На големо задоволство на сите љубители на македонската поп сцена, периодот сведоци сме на еден голем бран на хитови кои котираат високо на трендинг листите и имаме чувство како полека да се враќа се она што и недостасуваше на македонската сцена. По нешто повеќе од 10 години пауза, на сцената се враќа и Елвир Мекиќ - популарниот хитмејкер од 2000-ти години и тоа со заедничка соработка со младиот и популарен пејач и автор Пајак. Судејќи според реакциите од тизер-рефренот на нивната нова песна со наслов „Негде после два“, несомнено ќе имаме уште еден хит.



Елвир беше еден од најпопуларните пејачи кај нас и потсетува на едно убаво време пред 17 години, времето на најголемата експанзија на македонската поп- музика. И новата песна која е со модерен звук го има стариот вајб со примеси на ретро РНБ 2000-ти.

„Мислам дека направивме добар спој со кој ќе ја опфатиме постарата публика, а Пајак ја има помладата публика. Логично е оние деца кој имаат 15 години да не ме познаваат“, изјави Елвир.

Автор на музиката е Пајак, текстот е на Елвир Мекиќ, но интересно е тоа што текстот на песната е напишан од насловите од најголемите хитови на Елвир како: „Некаде после два“, „Армиија“, „Ич не ме боли“, „Слаба точка“ и др.. Аранжманот миксот и мастерингот се на Иван Јованов – Ивајо.

Спотот е во режија на Гордан Божиновски - Урбан Рекордс продукција. Се снимаше на две локации, во Дајмонд мол, Гурман стрит и Лимак Хотел. Во спотот се појавуваат нашиот познат манекен и фитнес модел Драган Стојчевски и моделот Евгенија Петрушевска.

Елвир со сопругата и синот живее и работи во Сараево, Босна и Херцеговина, но со Македонија освен блиските и пријателите го поврзуваат и работни ангажмани, па така периодот што претстои планира да се посвети и на музичката кариера.

Извор:  ИДИВИДИ
Објавена на 25.11.2024 08:43:31