Атлетик: Гвардиола ќе го продолжи договорот со Манчестер сити

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола се согласил да го продолжи договорот со „Граѓаните“, објави „The Athletic“.



Шпанецот ќе потпише едногодишен договор со опција за продолжување на уште една сезона. Одлуката официјално ќе биде соопштена во наредните денови.

На 8 ноември, „Атлетик“ објави дека Гвардиола ќе ја предводи бразилската репрезентација по завршувањето на договорот со Сити. Воедно не беше исклучена и опцијата за продолжување на договорот со англискиот клуб.

Договорот на Шпанецот со Манчестер сити истекува идното лето. Граѓаните по 11 кола собраа 23 бода и се на второто место на табелата во Премиер лигата. Тимот ги загуби последните четири натпревари во сите натпреварувања.

Извор:  МИА
Објавена на 20.11.2024 09:25:48