Академијата Ф1 го претстави календарот за женски трки за 2025-та

Формула 1 Академијата, серија во која се натпреваруваат само жени, го одобри календарот за сезоната 2025 година.



Следната година во шампионатот ќе има седум трки. Сите тие ќе се одвиваат на патеките каде што се одржуваат машките трки за Големата награда на Формула 1.

Она што беше неочекувано е дека во 2025 година ќе се одржи само една трка од серијата во Европа, на патеката Зандворт.

Календар на Академијата Ф1 за сезоната 2025 година:

Гран при на Шангај од 21-23 март

Гран при на Џеда од 18-20 април

Гран при на Мајами од 2-4 мај

Гран при на Монтреал од 13-15 јуни

Гран при Зандворт од 29-31 август

Гран при на Сингапур од 3-5 октомври

Гран при на Лас Вегас од 20-22 ноември.

Извор:  МИА
Објавена на 19.11.2024 10:12:59