Орбан: ЕУ треба да ги преиспита санкциите против Русија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Европската унија мора да ги преиспита санкциите против Русија, бидејќи тие придонесуваат за одржување на високите цени на енергијата, што негативно влијае на конкурентноста на европската економија.

Орбан изјави за унгарското јавно радио Кошут дека високите трошоци за енергија ги ставаат европските компании во неповолна положба во споредба со нивните конкуренти, особено американските компании кои плаќаат значително пониски цени за енергетските производи.

Според него, американските компании плаќаат само четвртина од сумата што европските компании ја издвојуваат за гас и струја, што создава сериозен конкурентен проблем за ЕУ.

Извор:  МИА
Објавена на 15.11.2024 11:31:50