Вучевиќ: Подготвен сум за мојата одговорност да се расправа во српскиот Парламент

За мојата одговорност ќе се разговара во Парламентот и подготвен сум за тоа, изјави денеска српскиот премиер Милош Вучевиќ, наведувајќи дека опозицијата има право да бара импичмент на власта по несреќата во Нови Сад, но дека „мора да бидат свесни дека состојбата на настрешницата на железничката станица не е политичко прашање, тоа е прашање на експерти од струката“.



Вучевиќ за белградски медиуми утрово изјави дека е сигурен дека повеќе министри ќе поднесат оставки, но дека е важно да се направи разлика помеѓу политичка и кривична одговорност. Тој смета дека мора да се донесе рационална одлука за оставки и дека таквите одлуки не се носат под притисок на јавноста и социјалните мрежи.

„Тоа е сосема природен процес по сè што ни се случи на 1 ноември, ќе има уште оставки. Но, политичката одговорност нема врска со кривичната одговорност. Утврдувањето на кривичната одговорност е на Обвинителството кое си ја врши работата“, додаде Вучевиќ.

Извор:  МИА
Објавена на 15.11.2024 11:01:11