Кејн: Репрезентацијата на Англија треба да е пред секој клуб

Капитенот на Англија, Хари Кејн ги критикуваше играчите кои одбија да дојдат во репрезентацијата на Англија за натпреварите во ноември.



- Да, оваа недела е срамота, се разбира. Мислам дека е тежок период од сезоната и можеби малку го искористија тоа. Да бидам целосно искрен, не ми се допаѓа,. Мислам дека репрезентацијата на Англија е над се, во секоја клупска ситуација, изјави Кејн за „ITV Football“.

Критиките од Кејн доаѓаат бидејќи осум играчи недостасуваат во репрезентацијата на Англија поради замор и проблеми со повреди: Кол Палмер, Леви Колвил, Букајо Сака, Деклан Рајс, Фил Фоден, Џек Грилиш, Трент Александар-Арнолд и Арон Рамсдејл.

Англија вечер од 20:45 часот гостува во Грција, а на 17 ќе се соочи со Ирска.

Извор:  МИА
Објавена на 14.11.2024 15:00:53